Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска изјави дека бебето кое денеска починало во битолската болница било родено со тахикардија, а родилката е од Битола и има 24 години.
„Денеска сме тука за да видимекако бил случајот. Утре од ДСЗИ ќе испратиме комисија од инспектори, за да утврдат што било причината. Според првичниот извештај, било живо родено, со тахикардија, имало белодробрно-срцево оживување, понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од институциите“, кажа Меџити.
Тој додаде дека дошол во посета на болницата за да види што е пропустот и што може да се подобри.