ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН предложи законско решение за да се обезбеди континуирано образование за малолетниците во воспитно-поправните и казнено-поправните установи

April 11, 2023 15:22
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата усвои измени на Законот за основното образование со кои се решава долгогодишен предизвик поврзан со обезбедување редовен образовен процес за малолетниците во воспитно-поправните и казнено-поправните установи.

Како што информира МОН, новите измени на законот предвидуваат образовниот процес за малолетниците во воспитно-поправните и казнено-поправните установи, наместо по експериментални програми како досега, да се спроведува по наставен план и наставни програми за основно образование на возрасни.

-Учениците по формализацијата на образовниот процес ќе добиваат свидетелства за завршено образование, како и учениците во редовните основни училишта. За нивно вклучување во настава, доколку се под 16-годишна возраст, претходно се врши проверка на знаењето заради распределба во соодветно одделение на основното образование. Наставата, пак, ќе ја реализира училиште кое има верификација за образование за возрасни и реализира настава на мајчин јазик на ученикот во овие установи, односно тоа е основното општинско училиште за возрасни „Антон Семјонович Макаренко” – Скопје, а за реализирање на законските измени, првично ќе биде потребно да се вработат до најмногу шест наставници. Бројот на наставници што ќе треба да се ангажираат во иднина ќе зависи од бројот на штитениците во воспитно-поправните и казнено-поправните установи и групите, односно паралелки кои би се формирале, информира Министерството за образование и наука.

Законските измени кои ќе бидат проследени до Собранието, додава МОН во соопштението, всушност овозможуваат системско решавање на предизвикот со образованието на малолетниците во воспитно- поправните и казнено-поправните установи, со кое воедно и се реализираат дел од препораките во извештајот на Европската Унија за напредокот на земјата во делот на човекови права.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: воспитно-поправни установималолетнициМОН

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Украина и Русија во Истанбул договорија размена на воени заробеници

June 2, 2025

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

June 2, 2025

Јахоски патувал надвор од државата со пасош издаден од МВР по решение на Апелација

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) СБУ тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk