ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Еднаквите можности се наш приоритет, продолжуваме да чекориме по патот на еднаквоста

April 24, 2023 15:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на свечениот дел на генералното собрание на Националната федерација на фармери. На настанот се обратија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорката на We Effect Europe, Анели Леина како и директорка на We Effect за меѓународна соработка, Линда Хамерберг.

„Иницијативата за изнаоѓање на решението со надоместок за мајчинство ја покрена Националната федерација на фармери, додека ние како Министерството за труд и социјална политика бевме вклучени од самиот почеток во креирање на решение за овој предизвик. Тука со нас рамо до рамо работеше и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, голема благодарност и до Шведската организација со канцеларија во Скопје WE effect  кој беа покрај нас во целиот процес и несебично ја даваат нивната поддршка” рече Тренчевска во своето обраќање.

Таа истакна дека со програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, ќе можат да остварат право на користење на надоместок за мајчинство. За да го остварат ова право потребно е да имаат статус на осигуреник индивидуален земјоделец.

„Ова е пилот решение, затоа продолжуваме да креираме политики, да креираме решенија кои ќе бидат системски. За да можеме да потврдиме дека навистина сме направиле исчекор кон унапредување на правата на жените во нашата држава” посочи Министерката.

Тренчевска се осврна и на градинките во руралните средини таа рече дека покрај што целта на отворањето на градинките е вклучување на што поголем број на деца во предучилишното образование, нивното отворање придонесува и кон економско јакнење и личен развој на жените во руралните средини.

На крајот од поздравните обраќања на министерката Тренчевска и на министерот Николовски им беа доделени благодарници за досегашната соработка со Националната федерација на фармери. 

Tags: МТСПТренчевска
Next Post

РКЕ ги објави новите цени на горивата

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk