Украинската амбасадорка, Лариса Дир, со алармантни бројки и остар коментар за разурнувањата и злосторствата на руските агресори во Украина, потсети дека земјата агресор истовремено се наоѓа на највисоки позиции или членува во меѓународните институции и организации, како што се ОН, ОБСЕ и други.
„За времето меѓу претседателството во февруари 2022 година и претседателството во април 2023 година, државата агресор и членка на ОБСЕ започна воена агресија, уби повеќе од 10.000 цивили, меѓу кои 470 деца, повреди повеќе од 13.000, уништи 76.000 станбени згради, 2.442 образовни институции, 513 медицински установи, минираше 174.000 квадратни километри од територијата на Украина. Меѓународното право продолжува да го дефинира државата-убиец?!“ – изјави амбасадорката Дир.
И на социјалните мрежи, украинската амбасадорка ги истакна алармантните податоци за руската брутална агресија.
Меѓу претседателството во февруари 2022 и во април 2023 рф започна воена агресија, уби повеќе од 10.000 цивили,470 деца, повреди 13.000, уништи 76.000🏘️, 2.442 образовни институции, 513 болници, минираше 174.000 км2🇺🇦
Меѓународното право продолжува да го дефинира државата-убиец?! pic.twitter.com/mDitkgMizi— Larysa Dir (@dir_larysa) April 24, 2023
Извор: ЦивилМедиа