На крајот од грејната сезона, шокантни се само промашувањата на прогнозите на Христијан Мицкоски со кои со месеци ја плашеше јавноста, реагираат од СДСМ на пре-конференцијата од Мицкоски, каде тој рече дека „повеќе од 200 милиони евра по пат на трансфери од буџетот беа префрлени во АД ЕСМ за да може да ги задоволи потребите на стопанството и граѓаните со електрична енергија и затоплување“.
„Мицкоски велеше дека енергетскиот сектор ќе колабира, дека ќе следува зима во која ќе има рестрикциите на електрична енергија, прогнозираше драстичен раст на цената на струјата за домаќинствата. На крајот, излезе сосема спротивното. Домашното производство на струја е најголемо во последните години, увозот на струја е намален, а цената на електричната енергија не само што не се зголеми, туку таа и благо се намали за домаќинствата и за малите потрошувачи“, велат од СДСМ.
Оттаму нагласуваат дека „шокантни се непознавањата и промашувањата на Мицкоски во енергетиката“.
Шокантно е и тоа што целата своја партија тој ја става во заложништво на Димитар Апасиев и Левица, па секој ден мора да пласира радикални ставови и пораки во јавноста, се наведува во реакцијата од СДСМ.