„На крајот од грејната сезона, шокантни се само промашувањата на прогнозите на Христијан Мицкоски со кои со месеци ја плашеше јавноста.“, реагираат од СДСМ
„Мицкоски велеше дека енергетскиот сектор ќе колабира, дека ќе следува зима во која ќе има рестрикциите на електрична енергија, прогнозираше драстичен раст на цената на струјата за домаќинствата.
На крајот, излезе сосема спротивното. Домашното производство на струја е најголемо во последните години, увозот на струја е намален, а цената на електричната енергија не само што не се зголеми, туку таа и благо се намали за домаќинствата и за малите потрошувачи.
Шокантни се непознавањата и промашувањата на Мицкоски во енергетиката.
Шокантно е и тоа што целата своја партија тој ја става во заложништво на Димитар Апасиев и Левица, па секој ден мора да пласира радикални ставови и пораки во јавноста“, се додава во реакцијата.