ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Надежта никогаш не умира: Зависници се лекуваат во столарска работилница без лекови

April 26, 2023 12:28
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тмурен и врнежлив ден среде цутот на пролетта. На патот кој води накај Драчево, ако продолжите десно во правец Батинци за кусо време ќе наидете на Рето центар. Со ведар чекор, работнички ракавици кои наѕираа од работничките пантолони ве пречекува млад и енергичен човек.

„Пред четири години вака застанав овде, пушев цигара и видов луѓе кои зрачеа со живот. Ја изгмечив цигарата во дланките, додека жарот пржеше и ги прашав луѓето дали има надеж“, вели Гоце Мукевски.

Пред скоро две децении желбата да се покаже храброст, со доза на неискусност и непромисленост еден млад битолчанец бестрашно се впушта во оковите на хероинот, следствено и метадонот. Неговото име Гоце и презиме Мукевски некогаш синоним за зависник од дрога.

Денес, што би рекле некои, дете за пример и баш таков е. Храбро и со гордост раскажува дека најголемото зло што може да си го направи човек е да е зависник на нешто. Менталното и физичкото распаѓање со губење на најблиските, искушението да се оди по работ на дното или да се воскликне кон излезот го донеле во Рето центар.

По скоро половина деценија тој тука е волонтер. На шега вели:

„Кога ќе дојдат нови лица им поставувам едноставно прашање, како си и како се чувствуваш? Ако рече дека е лошо тоа е добро хахах зошто? Не е нормално во центар за рехабилитација да се чувствуваш добро. Најважното е да не се откажеш. Кога ќе донесеш цврста и решителна одлука се е можно“, додава Мукевски.

Додека со четка ги отстранува струготините од машината за дупчење на дрво, погледот го врти на кај некои готови дрвени столчиња. Раскажува дека се дело на штитеник кој е во процес на надминување на кризи. Му навираат спомени и измешани емоции во кои преовладува среќа и гордост.

„До крајот на животот нема да ги заборавам првите, а уште повеќе последните денови од процесот на ослободување од ропството на хероинот и метадонот. Се сеќавам првиот ден поминав добро, но затоа следните две недели беа поминување низ вистински пекол. Но не потклекнав и одлучен бев да се ослободам од најголемото зло што може да постои, наречено дрога. Добро се сеќавам и на последниот ден од зависноста, надминувањето на било која криза кога во дворот цепев дрва. Си ја почувствував силата и младоста, нешто што не сум го почувствувал скоро петнаесет години“, вели Гоце Мукевски.

Мукевски вели, кога некој ќе сфати дека му е лошо од робувањето на дрогата тогаш е добро, има надеж да се излезе.

Извор: Редакција Трн

 

Tags: Гоце Мукевскизависник од дрога
Next Post

Пендаровски: Заедничката иднина на Македонија и Косово во евро-атлантските структури е влог во натамошна стабилизација и просперитет на Западниот Балкан.

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk