Рускиот милијардер со блиски врски со Владимир Путин, Роман Троценко смета дека војната во Украина ќе кулминира со „луѓето меѓусебно да се убиваат на улиците на Москва“, покажа протечениот телефонски повик.
Снимката од протечениот телефонски разговор од јануари 2023 година, наводно направен од руските олигарси Роман Троценко и Николај Матушевски, предизвика бурни реакции во Украина и Русија. Во него соговорниците цртаат мрачна состојба на политичката и економската ситуација во Русија.
Како што наведува германскиот медиа аутлет ksta.de, снимката се појавила на интернет, според пишувањата на медиумите, „Система“, истражувачки проект на информативниот канал „Настојашчеје време ТВ“ и американскиот радиодифузер „Радио Либерти“ ја добиле врската до јавно достапна аудио снимка од анонимен извор – со напомена дека наводно ја водел милијардерот претприемач Роман Троценко.
Според истражувачкиот тим, наводниот дијалог меѓу претприемачите Троценко и Матушевски, кои се добро познати во Русија и кои доверливо се нарекуваат себеси „Коља“ (наводно Матузевски) и „Роми“ (наводно Троценко), се одржал на почетокот на јануари 2023 година. . Ниту еден од нив не остава добро мислење за рускиот претседател и актуелната економска ситуација во земјата.
Повеќе прочитајте на ЦИВИЛ.