РИБАРО
Ова со коридориве и нивната опструкција, пацери мои, мора да го сфатиме сериозно. За таа цел, мислам дека најдобро е да одиме со кампања со наслов „Што ќе ми е мене автопат?!“, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на брифинг со своите најблиски соработници, дознава АХА.
„Идејата е да се најдат наши вмровски пулени со по три четири пасоши, а да се прикажат како „загрижени граѓани, домаќини луѓе“, читај – луѓе што не виделе од носот подалеку. Да се измоклант пред камери и да рецитираат што сме им напишале. Треба да поентираме дека ова со градењево на автопатиштава е тотално непотребно. Потоа ќе следат фингирани анкети каде ќе прикажеме дека луѓето во Македонија не се многу заинтересирани за автопатишта и не се делат од коренот. Може онаа народната „Черешна се од корен корнеше…“ да ја изверзираме за химна на кампањата“, образложил Мицкоски.
„Но, шефе, ова е стратешки проект што ќе не поврзе со регионот и светот. Изградбата на коридорите 8 и 10 освен што е модерна патна инфраструктура, тоа е и буквално поврзување кон запад и кон исток. Со реализација на овој проект од кружен тек, стануваме вистинска крстосница на Балканот. Ќе бидеме заверени во сообраќајната и економска карта на светот како сигурно тло за инвестиции и нема да сме слепо црево во Европа. Башка и домашните градежници ќе видат баѓи аир“, рекол еден од присутните на брифингот.
„Ало, не се прави ти многу недоветен! Небаре не знам јас кои се придобивките од градење патишта. Сакаш комуњариве со Америве да изградат автопатишта, или сакаш ние да дојдеме на власт и да си се наполниме со пари од провизии со кинезите како претходно, па ако има пат арно, ако не никому ништо.
Сè потешко ни поминуваат и спиновите со као ние многу засекирани за работнички права.
Она кумановац Максо што истресе зелена со аналогијата на автопатиштата во западниот регион и Илирида, е епохална ретардирана глупост, но секако може да се искористи. Пали тоа кај нашиве.
Добро е да се нас’скаат и некои од оние наменски еко квази борци и здруженија. Одберете некое што ќе вреска – Што ќе значи изградбата на патиштата за заштитата на ендемските скакулци во полошкиот регион, или нешто слично.
Не знам дали ме разбирате, треба да ги држиме луѓево што повеќе во изолација и да немаат допир со другиот свет. И нашиот шеф од Будимпешта имаше славна изјава дека не ни се потребни автопатишта. Така џганот е полесен за манипулација и… Ајде мрдајте, кампања имаме за водење!“, завршил Мицкоски.