ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Еко-свест со низа едукативни активности за младите во Споменикот на природата „Вевчански извори”

May 3, 2023 11:57
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Железото се кова додека е жешко, а љубителите и заштитниците на придодата се градат уште од младост. Токму тоа изминатиот период локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани го прави преку низа едукативни активности наменети за младите и најмладите.

Заедно со НП Галичица организиравме едукативна тура во природа со ученици од ООУ Страшо Пинџур Вевчани со прошетка низ Споменикот на природата Вевчански извори во која учеа бонтон во природа и како се чуваат заштитени подрачја. Учениците собираа растенија и надгледуваа животински видови кои ги среќаваа во прошетката, соопштија од Еко-свест. 

Во соработка со Детската градинка „Планински цвет” организирана е прошетка во природа. „Со дечињата заедно зборувавме за животните и растенијата во нашата околина. Учевме за важноста на водата, зошто треба да се внимава ѓубрето да не завршува во неа и како ја чуваме реката“, велат оттаму.  

Креативните ученици од ООУ Страшо Пинџур Вевчани и уметникот Горан Ристовски исцртаа мурал во училишниот двор, со кој на своите врсници но и останатите жители и посетители на Вевчани сакаат да им укажат за значењето на водата и природните вредности.

Целта на сите овие активности е едукација од мали нозе со цел подигање на свесноста зошто ни е важна животната средина и зошто мора да ја штитиме.

И од досега виденото, можеме да се пофалиме дека во младите генерации природата ќе има многу сојузници и борци кои ќе ѝ помагаат.

Сето ова е само мал дел од работата на Еко-свест во Вевчани преку локалната канцеларија. За следниот период се планира и изработка на трајна поставка за природата во Мултикултурниот центар во Вевчани, поставување на информативни табли и знаци во Споменикот на природата „Вевчански извори”, бележење на велосипедски патеки, промоција на заштитеното подрачје преку онлајн кампања и многу други.

Овие активности се дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природата „Вевчански извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust- PONT. Како дел од овој проект Еко свест во 2022 ја отвори својата локална канцеларија во Вевчани и претставува продолжување на заложбите на Еко свест зачувување и одржливо управување на Споменикот на природа „Вевчански извори”.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: децаедукацијаЕко-свест
Next Post

Тренчевска: SIDA се нашите долготрајни партнери во делот на унапредување на родовата еднаквост

НАЈНОВО

Фото, генерирано со ВИ

Лавина однесе тројца хрватски планинари во Јулиските Алпи во Словенија

October 5, 2025

Израел тврди – речиси целиот север на Појасот Газа е испразнет од цивили; според ОН тами сè уште има стотици илјади луѓе

October 5, 2025

Израелската армија пресретна ракета истрелана од Хитите во Јемен

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk