Голема е честа но и одговорност е што сум првиот премиер од Северна Македонија кој зборува пред Советот за безбедност во ОН. Горд сум на мојот народ и на мојата држава што низ годините покажавме дека со демократско владеење, ги остваруваме нашите цели на домашен и меѓународен план.
„Донесовме многу тешки одлуки, но сега седиме во друштво на најмоќните и како членка на НАТО придонесуваме за светски мир и стабилност. Со заштитен македонски јазик, идентитет и култура, фокусирани сме на реформски процеси бидејќи заслужуваме брзо да станеме и членка на ЕУ.
Изминатава година со војната во Украина светот трајно се промени, а Северна Македонија застана на страната на вистинската страна на историјата, на демократијата, на меѓународното право. Со искуството стекнато низ годините имаме зрелост и знаење да придонесуваме за меѓународните политики и процеси.
Како земји членки на ОН да се залагаме за заедничка солидарност, стабилност, безбедност и мир. Да го чуваме столбот-Повелбата на ОН!“, напиша Ковачевски.