Македонскиот претседател, Стево Пендаровски му оддаде почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
„Визионер, идеолог и предводник на македонското националноослободително дело од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Една од нашите најзначајни историски личности.
По повод 120-годишнината од неговата смрт, денеска положив свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Слава му!“, сподели Пендаровски.