ЕУ реши да го следи примерот на САД во борбата против корупцијата вон нејзините граници.
“Корупцијата ја поткопува демократијата, владеењето на правото, човековите права, мирот и меѓународната безбедност и одржливиот развој. Сериозните акти на корупција, исто така, можат да ги загрозат мирот и меѓународната безбедност, овозможувајќи тероризам, организиран криминал и други злосторства. Затоа, мораме да го прошириме опсегот и да се справиме со корупцијата ширум светот” вели високиот претставни, на ЕУ, Јозеф Борел.
Со предлог кој ЕК го достави до Советот на министрите и Европскиот парлемент се воспоставува нов режим на санкции насочен кон сериозните корупциски дела ширум светот. Со овој предлог Европската унија би можела да им забрани на сторителите на корупциски дела да влезат во Европската унија, да ги замрзне имотите на сторителите во Европската унија.
“Дозволете ми да појаснам дека земјите-членки во Советот треба да одлучат за усвојувањето на овој режим, а потоа и за тоа како да го користат” , изјави Борел.
Тој нагласи дека е свесен дека постојат различни перспективи за употребата на санкциите на европската Заедничка надворешна и безбедносна политика за таргетирање на корупцијата.
Предложениот нов режим на санкции има за цел сериозни корупциски дела ширум светот, како дополнување на механизмите на ЕУ за борба против корупцијата дома и низ целиот свет.
ЕК, исто така, предлага да се создаде нов режим на санкции за корупција во трети земји што дозволува да не се издаваат визи за европските земји и оние вклучени во таа листа, а кои ќе бидат државјани или ентитети на која било земја надвор од ЕУ.
Рамката ќе и овозможи на ЕУ да усвои рестриктивни мерки слични на оние на другите режими на санкции што ги применува за одредени земји кога открива корупциски злосторства во трети држави, како што е поткуп на јавни службеници или проневера.
Овој нов механизам , ќе им овозможи да се реагира на ситуација во кои ЕУ имаат информации за конкретни лица вклучени во корупциски активности во трети земји вклучувајќи го и Западниот Балкан.
Б.Ј / Нова ТВ