ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Ништо не се крие за изградбата на коридорите 8 и 10д

May 8, 2023 13:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Транспарентност наспроти корупција – ништо не се крие, сите процеси беа и се јавни, пратениците ќе бидат информирани, министрите се секогаш на располагање за сите прашања, за секој исплатен денар граѓаните ќе знаат каде отишол преку тековните алатки за отворени финансии, истакнуваат во повеќе наврати владини функционери во врска со договорите за изградба на коридорите 8 и 10-д, склучени со конзорциумот „Бехтел и Енка“.

Нема ништо тајно

Овој процес трае веќе 2 години. Од носењето на специјалниот закон, преку управувачкиот комитет, преку потпишувањето на договорите со надзорот и со Бехтел и Енка, сите клучни точки и суштината беа пред очите на јавноста.

Досега се одржани неколку брифинзи и сите функционери кои се вклучени во процесот се секогаш на располагање на новинарите да одговорат на сите прашања. И додека трае целиот процес сите институции се на располагање.

Клучните елементи од Договорот кои се од интерес на јавноста, никогаш не биле тајна, вредноста на Договорот, начинот на реализација на Договорот, како ќе се трошат парите на граѓаните, сето тоа секогаш било јавно и достапно како информација.

Јавното претпријатие за државни патишта по барање на Јавното обвинителство ја има доставено целокупната документација за избор на јавна набавка за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10. Во постапка е доставувањето на Договорот за изградба на инфраструктурните Коридори 8 и Коридорот 10-д потпишан со конзорциумот „Бехтел и Енка”.

Договорот е отворен и пред пратениците

Во соодветна собраниска процедура сите детали од Договорот за изградба на коридорите ќе бидат презентирани пред пратениците со соодветен сертификат, нагласуваат владините фукнционери. Пратениците ќе имаат можност да се уверат дека договорот соодветствува со законот кој тие го изгласаа а кој се однесуваше на овој проект.

Секој комерцијален договор содржи и заштитни клаузули

Како и секој друг комерцијален договор (овој договор е склучен помеѓу ЈПДП и изведувачот на работите), во себе содржи заштитни клаузули кои што му даваат степен на доверливост на договорот со оглед на тоа дека едната од страните во него ги има наведено своите технолошки процеси и методи кои што ги користи кои што не се сакаат да дојдат во посед на нивни конкуренти со оглед на тоа дека тие работат и на други проекти. И ние согласно закон, како и сите граѓани и ентитети во оваа држава, мора да ги почитуваме овие клаузули за доверливост со кој не би ги довеле во прашање заштитени технолошко-технички процеси, истакнувааат владини функционери.

Тие потенцираат дека секој исплатен денар од државата за изградба на коридорите, ќе биде јавно објавен на „Отворени финансии“ и додаваат дека секоја институција треба да придонесе и да се вклучи во реализацијата на овој стратешки проект од национален интерес.

Целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите

Владата на седница одржана на 5-ти мај донесе нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме. Како што соопшти првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите.

Од пратениците сега зависи, рече Груби, дали изградбата на коридорите ќе биде побрза и поевтина или побрза и поскапа.

Тој воедно ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија зашто со тоа, рече, се ставаат во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозуваат националните стратегиски проекти поради дневно-политичка агенда. Наместо Коридорите да чинат скоро 1,5 милијарди евра со сегашното законодавство, има можност да чини 1,3 милијарди евра, нагласи Груби.

Сè повеќе станува јасно дека почетокот на реализацијата на овој огромен инфраструктурен проект од исклучителна важност за граѓаните и за државата, може да претставува фрустрација за политички чинители кои работеа или и денес работат на изолација на државата, за лични или туѓи интереси.

Д. Е.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Коридор 8 и 10дтранспарентност

НАЈНОВО

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

May 21, 2025

Поранешниот советник на Виктор Јанукович, адвокатот Андриј Портнов, убиен на среде улица во Мадрид

May 21, 2025

Претреси во Скопје, лишени од слобода четири лица- членови на криминална група, осомничени за убиства

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Притворената српска активистка Марија Васиќ се врати дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk