ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со блокирана сметка на брифинг во Воденица? Арсовска не кажува дали Град Скопје е пред банкрот

May 11, 2023 14:56
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Буџетската сметка преку која се вршат сите плаќања кон доверители, се делат плати на вработени, се префрлаат пари за субвенции на јавните претпријатија е блокирана поради долг на Градот. Извори за Сдк.мк велат дека блокадата е поради тужба кон Градот за предмет од пред 10 години, во време кога градоначалник беше Коце Трајановски, за кој судскиот процес завршил пред извесно време и сега со присилна наплата се повлекуваат парите.

Но треба да поминете голгота и пак да не добиете информации од Градот Скопје. Градска.мк ги консултираше сите сектори за да ја потврди оваа информација, но од одделот за информации за граѓаните рекоа дека не се надлежни да даваат такви информации. Истото го тврдеа и од секоторот за финасии, додека пак од кабиентот на градоначалничката Данела Арсовска никој не го ни крена телефонот, иако ги баравме за време на работно време. Она што е шокантно е и дека советник од одделението за односи со јавност кој не се претстави на канцеларискиот телефон посочи дека тој не смее да дава информации, па да ја побараме неговата шефица Кристина Депо, која Арсовска ја назначи за да го подобри односот со медиумите пред извесен период. Сепак таа беше недостапна на телефонот, а сакавме да ја прашаме и со кои пари го плати селективниот брифинг со новинарите во ексклузивниот ресторан „Воденица“ ако Град Скопје е пред банкрот.

Според неофицијални информации, Градот извесен период е во лоша финансиска состојба, односно е пред банкрот бидејќи на сметките на Градот многу често немало доволно пари и да се исплатат и платите на вработените.

Соња Танеска / Градска.мк

 

Tags: Град СкопјеДанела Арсовска
Next Post

Голема акција на МВР - уапсени десетина лица поради сексуална експлоатација на дете

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk