ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Преку соработка со НВО до повеќе објавени анонимизирани пресуди

Во рамките на петмесечниот проект, пет обучени волонтери, кои ги имаат потпишано сите предвидени сертификати за заштита на лични податоци и доверливост, ќе вршат анонимизација на пресудите и ќе ги објавуваат на веб-страницата на Судот во насока на подобрување на транспарентноста и отвореноста на институцијата.

February 13, 2020 14:28
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На веб-страницата на Основниот кривичен суд Скопје од денеска почна објавувањето анонимизирани пресуди според приоритетите што ги бараат судиите. Тоа е овозможено со потпишаниот меморандум за соработка со невладината организација (НВО) „Коалицијата сите за правично судење“ за реализација на првиот заеднички проект „Канцеларија за анонимизација на пресуди согласно одредбите од ЗКП и Законот за движење на судските предмети“.

Во рамките на петмесечниот проект, пет обучени волонтери, кои ги имаат потпишано сите предвидени сертификати за заштита на лични податоци и доверливост, ќе вршат анонимизација на пресудите и ќе ги објавуваат на веб-страницата на Судот во насока на подобрување на транспарентноста и отвореноста на институцијата.

-Започнавме со интензивна соработка со Основниот кривичен суд во Скопје особено на зголемување на транспарентноста во работењето на Судот. Во таа насока ги зголемуваме капацитетите на Судот од аспект на човечки ресурси преку проектот кој го имплементираме со поддршка на Шведската агенција за поддршка и развој СИДА. Идејата е да му овозможиме на Судот да го зголеми процентот на транспарентност преку јавно објавување на одлуките кои ги донесува, односно пресудите – паравосилни или не правосилни, изјави Натали Петровска од Коалицијата сите за правично судење.

Таа посочи дека е прилично напорно Судот да испорача резултат каков што очекува јавноста со постоечките капацитети што ги имаат и токму затоа, како што рече, идејата е да помогнеме.

-Основниот кривичен суд ќе овозможи посебна просторија за Коалицијата сите за правично судење во која граѓаните ќе можат полесно да пристапат до правда, односно ќе биде канцеларија за бесплатна правна помош и мониторниг на судски постапки во рамките на овој Суд, рече Петровска.

Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев посочи дека денеска на некој начин им станува партнер Коалицијата сите за правично судење, чија примарна цел на е владеење на правото и детектирање на одредeни аномалии при судските процеси, која, како што кажа, во минатото беше поприлично критички настроена кон Кривичниот суд и генерално кон судството.

-Она што во минатото беше незамисливо сега е реалност. Тие обезбедуваат ресурси за да можат да се анонимизираат што е можно повеќе пресуди што се во фокусот на јавниот интерес кои ќе и бидат достапни на јавноста, рече Џолев и изрази надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Во системот досега се анонимизирани 16.626 пресуди.

Next Post

Писмо бомба експлодира во банка во Амстердам

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk