Вицепремиерот Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук напиша дека членството на Западен Балкан во ЕУ, без сомнеж, е инвестиција во европскиот мир и безбедност. Но, додека работиме тоа да се случи мораме да соработуваме, да се поврзуваме и зближуваме земјите од регионот за да се подготвиме подобро и да си го олесниме патот кон ЕУ.
Енергијата на ЕУ е насочена кон обединување на државите од Западен Балкан. Дали ќе станеме членка на ЕУ зависи од нашата посветеност на процесот и реформите, но тоа само по себе не е доволно доколку ЕУ не покаже дека има јасен план за проширување, истакна Маричиќ.
ЕУ и Западен Балкан е приказна која е почната одамна, на многу страни испишана и која е време да и дадеме извесен и среќен крај, заклучи вицепремиерот.
Плодна и конструктивна панел-дискусија на тема: „ЕУ и Западен Балкан: безбедност, регионална соработка и интеграција“, во рамки Иницијативата Балкански дијалози, со одлични пораки и заклучоци.
М. П.