ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Голем успех на Театарот за деца и младинци со претставата Роња

May 16, 2023 11:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Куклената претстава „Роња, ќерката на разбојникот“ на Театарот за деца и младинци од Скопје освои две значајни награди на годинешново издание на интернационалните Новосадски театарски игри, кои изминативе осум дена се одржаа во овој град во Србија.

Најновата претстава на скопскиот театар во режија на младиот, но веќе афирмиран чешки режисер Јакуб Максимов ја доби највисоката награда „Гран При за најдобра претстава во целина“, а жирито на фестивалот дополнително ѝ додели награда за „Мајсторство во анимацијата“ на актерката Матеа Јанковска за креацијата на улогата на Роња во истата претстава.

„Претставата во сите сегменти е исклучителна и слоевита, во исто време архаична и модерна, а ги поседува сите компоненти кои ја прават врвна“, ја аргументираше својата едногласна одлука жирито на Игрите при прогласувањето на претставата за најдобра на годинешниот фестивал.
Соопштувајќи ја пак наградата за актерката Матеа Јанковска, која исто така беше донесена едногласно, жирито со одбрани зборови оценува дека „Матеа опитно ги анимира куклите, енергично и од срце создава лик на храбро и смело девојче, користејќи широк спектар аниматорски и актерски вештини“.

Овие високи признанија се освоени во конкуренција на 12 претстави од 10 држави, меѓу кои, покрај земјите од регионот, и од Германија, Шпанија, Израел и Унгарија.

Tags: РоњаТеатар за деца и младинци
Next Post

Борел: ЕУ треба да ја спречи Индија да ја препродава руската нафта во Европа како деривати

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk