Концерт на хорот на Национална установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и промоција на книги ќе бидат одржани вечер во Музеј на револуционерната борба. Програмата е во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2023“ на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ.
– Хорот ќе изведе литургиски творби од црковно-музички дејци кои дејствувале на територијата на нашата држава, Јоан Хармосин Охридски, Јован Кукузел, Јанаки Стојменович, Андон Шахпаски, Манасиј Поп Тодоров, Васил Иванов – Бојаџиев, Јане Коџабашија и други, информираат организаторите.
Хорот настапува под раководство на м-р Гоце Цоневски.
Вечер ќе бидат промовирани книгите „LITURGHII ARMANESKA“ од д-р Јане Коџабашија и „КРАТОК ВОСКРЕСНИК“ од Јанаки Стојменович во транскрипција на европска нотација на д-р Мирјана Павловска-Шулајковска.