ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Владата донесе заклучоци за превентивната и безбедноста во училиштата

May 16, 2023 19:22
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница донела повеќе заклучоци во делот на превентивата и безбедноста во училиштата.

На сите основни и средни училишта преку општините и Град Скопје им се препорачува да формираат стручни тимови на ниво на општина во соработка со стручните служби на меѓуопштинските центри за социјална работа. Фокусот на работа на овие тимови е предвидено да бидат разговори – поединечно со секое дете/ученик во училиштето. Исто така, им се препорачува да одржат состаноци со сите родители за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во училиштата.

Препораката на Владата се однесува посебно на задолжување на директорите на основните и на средните училишта, да организираат состаноци на училишните одбри и на советите на родители, како и родителски средби. На овие состаноци е предвидено да се разговара за взаемните одговорности околу превентивните мерки за заштита на учениците во училиштата, со посочувања на одредбите од Законот за семејство и од Кривичниот закон, во функција на безбедноста на учениците.

– Владата им укажува и препорачува на општините/Град Скопје, да ги задолжат директорите на основните и средни училишта, да направат организација и протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците, за време на часовите и во просториите на училиштата. Се посочува дека користењето мобилни телефони во училниците е потребно да се ограничи, со цел да се поттикне дискусија, размена на идеи, отворени разговори, фокусирање на содржината на учење, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Се препорачува во кризни ситуации, училиштето да остане безбедно место во кое што учениците ќе најдат разбирање, одговори и поддршка за да ги надминат предизвиците, да ги унапредат своите социо-емоционални компетенции и да ја зајакнат психолошката отпорност. Приоритетна цел на разговорите во училиште, како што се осочува, треба да биде смирување на несигурноста и чувството на безбедност во училиштето и нивно адресирање на афирмативен начин.

Им се препорачува на општините да ги задолжат директорите на училиштата да обезбедат просторини услови за стручните соработници.

Целта, како што посочуваат од Владата, е целосна отвореност кон учениците и доколку имаат потреба, закажување тет – а – тет средба, со својот училиштен психолог.

Меѓу владините заклучоци, предвидено е и Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието да изготват листа на ресурси за коишто ќе се дискутира на одделенски/класен час, меѓу класните раководители и децата/учениците, за унапредување на добросостојбата на учениците. Ова, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, се однесува на прирачници за животни вештини, околу Програмата за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини и слично.

Препорака од Владата до општините е дополнително да се зајакнат превентивните програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, соработка со родителите односно старателите и други активности.

Министерството за образование и наука ќе треба да формира работна група чија задача ќе биде креирање протокол за советодавна работа, при обезбедување поддршка за психосоцијално и ментално здравје на учениците во основните и средни училишта. Работната група треба да биде составена од стручни соработници во основните и средните училишта, претставници на Сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат.

Tags: безбедност во училиштатаВладазаклучоци
Next Post

Принцот Хари ги тужи британските власти: Не му дозволиле да плати за да има полициско обезбедување

Shortcut

Најново

Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

МТФ „Војдан Чернодрински“: Менталното здравје на театарџиите под лупа, младите режисери дебатираа за современиот театарски јазик

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk