ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Доделени дипломите на слушателите на Курсот за основни познавања на знаковниот јазик во Собранието

May 17, 2023 16:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Денеска во Собранието се одржа едукативен настан на кој од страна на генералната секретарка беа доделени дипломите на слушателите на курсот по основни познавања на знаковниот јазик за пратеници и вработени во Службата на Собранието. Вкупно 19 пратеници и вработени добија дипломи и благодарници за успешно завршен курс.

Курсевите се одржуваа во две групи:

1) Напредно ниво (продолжение на претходната обука) – општа употреба на македонски знаковен јазик, за пратеници и вработени кои беа дел од претходниот циклус на курсеви;

2) Основно ниво – основна употреба на македонски знаковен јазик, за пратеници и вработени кои сега започнаа со посетување на курсевите.

За време на настанот беше презентирано промотивно видео, подготвено во рамките на Програмата за парламентарна поддршка, од остварената посета на Д.У.Ц.О.Р „Партенија Зографски“ во април годинава. Во видеото се потенцира важноста од организацијата на вакви и слични настани во кои учество земаат пратеници и вработени во Службата на Собранието, во насока на промовирање на култура на отвореност на Собранието и приближување на работата на Собранието до сите граѓани.

На настанот учество зедоа ученици и наставници од Д.У.Ц.О.Р „Партенија Зографски“, кои имаа можност да остварат средба со пратениците, како и преку организирана обиколка да се запознаат со внатрешноста на законодавниот дом и најрепрезентативните простории, да научат за историјата, организацијата и функционирањето на Собранието и да видат каде работат пратениците.

Целта на оваа активност беше вработените и пратениците да се стекнат со основни познавања на знаковниот јазик за да може да им се излезе в пресрет на овие граѓани при нивното доаѓање во законодавниот дом, за време на организираните тури или во рамките на активностите организирани од Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп во Собранието.

Овие курсеви претставуваат продолжение на активностите од минатата година, кога Парламентарниот институт започна со организација на курсеви по знаковен јазик за пратеници и вработени во Службата.

Tags: знаковен јазикСобрание
Next Post

Обвинети тројца руски академици кои работеле на изработката и развојот на суперсоничните ракети

НАЈНОВО

Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk