ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Немаме време за губење, продолжувањето на европскиот пат е историска шанса која не сум сигурен дека ќе ја добиеме повторно

May 19, 2023 15:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, одржа редовна средба со лидерите на владината коалција. На средбата во фокус беа стратешките приоритети на државата и важноста од влез во Европската Унија.

„Носам силна, јасна и недвосмислена поддршка од САД за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија. Од американскиот државен секретар Блинкен, добивме огромна поддршка и благодарност за тоа што сме докажан сојузник и партнер како на САД, на ЕУ и на НАТО – Алијансата. На средбите ја потврдивме и непрекинатата силна поддршка која ја добиваме од САД од независноста до денес“, започна Ковачевски.

„Северна Македонија како прва земја од Западниот Балкан што го започна Стратешкиот дијалог со САД, останува стабилен, стратешки партнер и докажан сојузник на САД, билатерално меѓутоа и мултилатерално во НАТО, фокусирана на заедничката посветеност кон безбедност, слобода и демократски просперитет. Денес кога е повеќе од кога било досега важно Европа да остане обединета, целосна, слободна и во мир, со нашите стратешки партнери САД, се согласивме дека истото не е можно без интеграцијата на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан во европското семејство“, истакна премиерот.

Токму затоа, според него, евроатлантската интеграција на Северна Македонија, нејзиниот демократски развој, безбедност и стабилност се особено важни за нашите стратешки партнери САД.

Во тој контекст, со коалициските партнери на денешната средба се сложиле дека заедничката цел е земјата да оди напред, да се движи со демократскиот и прогресивен свет.

„Ние сме земја-членка на НАТО, земја која претседава со ОБСЕ, работиме фокусирано и за што побрза интеграција во Европската Унија, бидејќи тоа значи подобри услови за живот и подобар стандард. Нашата цел е полноправно членство во ЕУ до 2030 година. И во оваа цел нѐ поддржуваат и нашите стратешки партнери“, порача Ковачевски.

Од друга страна, истакна тој, оние кои ја блокираат нашата земја кон европскиот пат, треба да се одлучат како понатаму.

ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левицa. Многу брзо ќе треба да одлучат дали ќе го фатат последниот воз и ќе се приклучат на проевропскиот блок кој неминовно оди и носи одлуки за приклучување на Северна Македонија во ЕУ. Во тој контекст и високиот претставник на САД, г.Габриел Ескобар упати јасна порака – опозицијата не треба да ми даде поддршка мене, треба да ја поддржат европската иднина на нашите граѓани. А нашите граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама тука, дома, во Северна Македонија, земја членка на ЕУ“, дециден е Ковачевски.

Опозицијата одбива да се вклучи и во работната група за подготвување на уставните амандмани, исто како што одбиваа и беа против сите важни процеси во државата. Но сепак, повика на отвореност и политичка одговорност и ги повика сите партии и општествени чинители да се приклучат кон остварувањето на стратешките цели на државата.

„Заедно да ги донесеме одлуките и заедно да ја обезбедиме европската иднина. Заедно, да дадеме глас за Европа, за македонска европска иднина. Немаме време за губење, продолжувањето на европскиот пат е историска шанса која не сум сигурен дека ќе ја добиеме повторно, шанса која треба да се искористи сега и веднаш. Ние поминавме 11 години во барање на алтернативни начини за развој на државата и приклучување кон евро-атлантските интеграции. 11 години на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ покажаа дека државата единствено заврши во ќорсокак и во изолација“, истакна во говорот пред партнерите премиерот на земјава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУкоалициски партнериКовачевски

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk