Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, вчера во „Клик плус“ зборуваше за последните случувања во ДУИ, и кажа дека т.н. „огнена група“ била против Коридорот 8, со постојани забелешки и критики за овој проект.
„Огнената група излезе против програмата на партијата, против резолуциите, излезе дури и против Коридорот 8. Да се изразите во вид на забелешки, критики, против проект што власта, ДУИ, го спроведува. „Огнената група“ требаше да продолжи со она што го бараа на почетокот, а тоа е да се продолжи дебатата внатре во партијата“, рече Фатон Ахмети.