„Минатата година на неколку средби со еврокомесарката за транспорт, заедно со претставниците од Бугарија и Албанија баравме Коридорот 8 да биде вметнат на мапата на главни коридори на ЕУ“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека овој коридор, кој ги поврзува Јадранското и Црното Море и поминува низ земјава не беше комплетно ставен на мапата на главни коридори, туку беше спореден.
„Тоа барање било испратени и во 2013 година од македонската Влада, но тогаш не било прифатено. Денес е прифатено поради тоа што и во нашата презентација, но и од страна на Бугарија и останатите држави каде што поминува истакнавме дека работиме на доизградба на коридорот“ рече Бочварски.
Министерот додаде дека е важна одлуката што овој коридор сега е помеѓу главните коридори, но останува на нас да работиме на доизградба и час поскоро да го завршиме овој проект.