ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нова белгиска инвестиција доаѓа во Северна Македонија

May 23, 2023 15:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

– Нова белгиска инвестиција доаѓа во Северна Македонија. Станува збор за белгиската компанија МСИЕ, која во првата фаза планира да вложи над пет милиони евра и да отвори околу 150 работни места.

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска во Брисел, ја најави новата инвестиција рече дека преговорите со компанијата се завршени доцна вчера и се очекува договорот да биде потпишан за околу еден месец.

Компанијата ги разгледува општините Петровец и Илинден како можни опции за изградба на производствениот капацитет за производство на соларни филмови.

Новата инвестиција, како што најави Бектеши, најверојатно ќе оди преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

– Како Влада ќе продолжиме со ваквите посети со цел да ги презентираме можностите за инвестирање што ги нудиме како држава. Веќе е стабилизирана ситуацијата со енергетската криза и во периодот што следи главниот фокус ќе биде да се привлечат повеќе странски инвестиции и тоа инвестиции кои ќе нудат повеќе работни места за граѓаните и кои ќе донесат нови технологии и вештини, изјави Бектеши.

Според директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, на двата бизнис форума организирани во Брисел и Антверпен има интерес од белгиските компании кои особено се интересираат за достапноста на висококвалификуваната работна сила, усогласувањето на домашното законодавство со европското и за политичката стабилност во регионот.

– Очекувам дека по средбите во Белгија ќе имаме неколку компании со кои ќе ги продолжиме разговорите во наредните неколку месеци. Очекувам дека и презентираното позитивно искуство на „Ванхол“ и ЕБЕЕ ќе поттикнеме интерес за дополнително вложување, рече Деспотовски.

Со вчерашната инвестиција на белгиската компанија „ABEE“ во рамки на зоните вкупниот обем на склучени инвестиции е близу 300 милиони евра со предвидени пет илјади работни места.

– Ако минатата година беше рекордна по обемот на инвестиции и достигнавме некаде околу 450 милиони евра, мислам дека годинава ако сега сме на 300 милиони евра верувам дека сме на добар пат да ја надминеме оваа бројка и да одиме погоре, рече Деспотовски.

Вчера, во белгиското гратче Нинов беше склучен договорот со белгиската компанија „ABEE“ која во ТИРЗ Кичево планира да вложи 40 милиони евра и да отвори над 600 работни места.

Tags: БелгијаинвестицијаМакедонија
Next Post

Чадеж: Од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk