Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, денеска изјави дека е постигнат договор за промена на Изборниот законик, за имплементирање на препораките на ОБСЕ-ОДИХР, и редефинирање на изборните единици. Се очекува законот да влезе во парламентот во секој момент.
Пратеникот Груби рече дека е прифатен нивниот амандман со кој општината Маврово-Ростуше и Дебар, од Шестата изборна единица преминуваат во Петтата со што бројот на гласачи во Шестата изборна единица се враќа во рамките на границата, плус пет отсто повеќе од просечниот број на шесте единици.
Груби истакна дека предлог измените се потпишани од координаторите на сите политички партии.
А.Зеќири