Вечерта на 25 мај, Василиј Голубев, гувернер на Ростовската област во Руската Федерација, објави на Телеграм дека руската воздушна одбрана соборила украинска ракета во областа Морозовск, каде што се наоѓа воен аеродром, пренесува Украинска правда.
„Системот за противвоздушна одбрана беше активиран во областа Морозовск, соборувајќи украински проектил. Војската си ја врши работата. Бидете смирени“, напиша Голубев.
Воениот аеродром, кој служи како база за руските бомбардери, се наоѓа на 3 километри од Морозовск.
Претходно на Телеграм се појавија видеа на кои се гледа блесок на небото во Морозовск. Украинските канали објавија „напад на аеродромот“.
Во меѓувреме, активистот Игор Сушко од истражувачката група „Wind of change“ на Телеграм објави дека се чини дека противвоздушната одбрана соборила сопствен руски авион во близина на воениот аеродром Морозовск во Ростовската област.
🚨Russia: Air defense appears to have shot down its own Russian plane near the Morozovsk military airfield in Rostov region. pic.twitter.com/nCTa7o7ELt
— Igor Sushko (@igorsushko) May 25, 2023
Д. Мишев / Цивил Медиа