ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

May 28, 2023 15:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан, учествуваше на бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ /Фото: МИА

Директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан, учествуваше на бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ /Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан, учествуваше на бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ на кој што беа обработувани теми кои се однесуваат на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија.

Во својата презентација под наслов „Што ја очекува македонската економија во следниот период? – поглед преку пролетните макроекономски проекции на централната банка“, Бојчева-Терзијан се осврна на тековните состојби, како и на очекувањата за економијата за годинава и на среден рок, во согласност со последниот, мајски циклус макроекономски проекции на Народната банка.

Во контекст на енергетските предизвици, Бојчева-Терзијан го истакна влијанието на енергетската криза врз екстерната позиција во земјава, како и врз инфлацијата во 2022 година. Во следниот период, имајќи ги предвид очекувањата за значително намалување на светските цени на енергијата и храната, можно е позначително намалување на трговскиот дефицит и на ценовните притисоци, односно нивна стабилизација на нивоата како и пред кризата. Затоа, треба да му се посвети внимание на поттикнувањето на зелените финансии, како дел од заложбите за зелената транзиција.

-Преку осмислување зелени финансиски продукти и канализирање на ресурсите во зелени инвестиции, финансискиот сектор може да даде значителна поддршка на енергетската транзиција на економијата, истакнува Бојчева-Терзијан, се вели во соопштението од Народната банка.

Во моментов, учеството на зелените финансии е релативно мало, но банките сѐ повеќе се посветуваат на зелените кредити, коишто се значаен иден потенцијал за финансирање проекти за животната средина и воопшто, за одржлив раст. Народната банка воспостави редовен систем за прибирање подетални податоци за зеленото финансирање.

-Податоците од банките за одобрените кредити за зелено финансирање покажуваат дека зеленото кредитирање бележи постојан раст и на крајот на 2022 година, во споредба со 2019 година, е зголемено за 114%. Вкупниот износ на зелените кредити на крајот на 2022 година изнесува околу 250 милиони евра. Тие учествуваат со 3,6% во вкупните кредити, но нивното учество постојано се зголемува. Зелените кредити им се одобруваат и на претпријатијата, и на населението, но претежно на претпријатијата, посочи Бојчева-Терзијан.

Народната банка, се вели во соопштението, презеде повеќе активности за поттикнување на зеленото финансирање изминатите неколку години.

-Во рамките на монетарните мерки е донесена одлука за промена кај инструментот за задолжителна резерва, со која се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, а се подготвува и Стратегија за активностите на Народната банка во доменот на управувањето со климатските ризици, наведе Бојчева-Терзијан.

Бизнис-форумот е дел од манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, којашто се одржува 27 години по ред и има за цел да ја зголеми јавната свест за придонесот што го дава жената и што може да го даде во развојот на општеството и на економијата.

Извор: МИА

Tags: БојчеваНародна банкаФорум
Next Post
претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Митко Трајчулески на денешната трибина на тема инфраструктура „Резултати што прават разлика“ што се одржа во Битола.

Трајчулески на трибината „Резултати што прават разлика“: Квалитетната инфраструктура е пресудна за квалитетот на животот на нашите граѓани

Shortcut

Најново

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk