Отсекогаш постоело прашањето за тоа што ние треба да исполниме со цел да станеме полноправна членка на ЕУ, но ајде да го земеме случајот на Северна Македонија и што Северна Македонија требаше да направи за да стане членка на НАТО и ЕУ, кажа премиерот Димитар Ковачевски на форумот ГЛОБСЕК во Братислава.
-Ако постои држава која што требала да донесе потешки одлуки, помачни одлуки од нас, тогаш немам што да кажам. Северна Македонија го промени името на земјата, за да стане членка на НАТО и ЕУ. И кога се заврши со референдумот, кога собранието изгласа, НАТО испорача, а ЕУ не испорача. Тоа се факти. Затоа што таму измислија некакво вето, поради владеењето на правото, и некои други работи. Нашата независност како земја ја почнавме пред 32 години како дел од поранешна поголема земја, градевме институции, создававме институции од ништо, почнавме од нула. Голем дел од овие институции се изградени заедно со земјите од ЕУ и со поддршката на САД. Тие навистина имаат високи институционални способности. Второ, кога зборуваме за интегритет, кога зборуваме за владеење на право, кога зборуваме за демократија, дали сметате дека сите земји кои што се приклучиле кон ЕУ, биле на нивото на Франција, Германија и Шведска? Не би се согласил. Можам дури и да дадам изјава, дека интегритетот на македонското собрание во поглед на поплаки, во поглед на поплаки за антикорупција е многу повисок од оној на европскиот парламент. Во суштина сметате дека се користи како изговор, како оправдување, не знам. Не можам да зборувам во име на други, можам да зборувам во наше име, но би рекол дека ние навистина спроведовме тешки реформи и дека ЕУ треба да има јасна стратегија за интеграција на Балканот, истакна Ковачевски.