Периодот што измина е период во кој говоревме за уставните имени и сега доаѓа периодот да се исполнат обврски од европскиот предлог, рече функционерот на СДСМ, Васко Кичевски во гостувањето во Канал 5 телевизија.
-За наша среќа веќе е јасно како ќе изгледаат уставните измени, односно нема небулози за бинационална држава или други промени и тие паѓаат во вода. Не гледам причина зошто да не се усвојат уставните измени, се надевам сите заедно ќе ги изгласаме, рече Кичевски.
Тој додаде дека е оптимист и верува дека уставните измени ќе се случат.
-Сите изговори од опозицијата паѓаат во вода. Со промената на Уставот ние продолжуваме по европскиот пат и по кој е зацртана да оди оваа држава. Од двете стратешки цели веќе исполнивме членство во НАТО, а ЕУ е она што следува. Веруваме дека ќе успееме да ја убедиме опозицијата и сите 120 пратеници да ги изгласаат измените, кажа Кичевски.