На денешната седница во бугарското Народното собрание дојде до тепачка помеѓу пратениците по декларација на партијата „Преродба“ (Вазраждане), која повторно повика партијата „Продолжуваме со промените“ да го напушти парламентот бидејќи, според нив, дозволиле државата ја преземат странските амбасади.
Како што пренесува БНТ 1, ПП-ДБ возвратија дека „Преродба“ се проруска партија. Следеше размена на реплики, која прерасна во тепачка, а микрофоните во салата беа исклучени од парламентот.
Десетминутна пауза мораше да даде претседателот на Националното собрание, Росен Желјазов.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа