Задоволство ми е што имав прилика да се сретнам со нашиот пријател, претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На нашата средба на која бевме заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, му ја пренесов лично поддршката која ја даваме за одбраната на храбриот украински народ, од неоправдана брутална воена агресија која Русија ја врши врз Украина, сподели премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.
„Претседателот Зеленски се заблагодари за поддршката која за нив доаѓа во клучни моменти и за тоа што сме покрај Украина од првиот ден без калкулации. Северна Македонија останува на правата страна на историјата, се додека тоа му е потребно на украинскиот народ“, додаде тој.