Аргентинката Селесте Сауло денеска е избрана за генерален секретар на Светската метеоролошка организација, победувајќи тројца кандидати. Таа е прва жена именувана да раководи со Организацијата на Обединети нации.
Сауло беше заменик-генерален секретар на Организацијата со седиште во Женева и од 2014 година е директор на Националната метеоролошка служба на Аргентина.
Таа уште во првиот круг од гласањето го доби потребното двотретинско мнозинство.
Сауло доаѓа на местото на Петери Талас, кој ќе се повлече на крајот на годината по два мандати како генерален секретар на Светска метеоролошка организација.