ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски: Оставив на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат во кој формат ќе биде средбата в среда, очекувам отворен разговор

June 5, 2023 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски за најавените разговори со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски в среда, рече дека оставил на опозициската партија да избере во кој формат ќе биде средбата. Кажа дека една од темите ќе биде носењето одлуки за европска интеграција на државата, а втората е активностите на сите политички чинители во државата во врска со односите со соседите.

-Поканата е испратена до ВМРО-ДПМНЕ во која многу јасно стои да си изберат во кој формат сакаат да биде средбата – дали да биде еден плус нула, еден плус еден, еден плус два, зависно од тоа дали имаат доверба меѓу себе па смеат да зборуваат еден пред друг или сакаат да одат сами на средба. Јас оставив да избере раководството на ВМРО-ДПМНЕ или претседателот на ВМР-ДПМНЕ и тие го избраа форматот. Средбата ќе се случи во среда во 11 часот на две теми. Едната тема е носењето на одлуки за европска интеграција на државата и втората е активностите на сите политички чинители во државата во однос на односите со соседите. Тоа се две исклучително значајни теми од коишто зависат интеграциите на државата и што побрзото зачленување во ЕУ, кажа Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по увидот на рехабилитација на пат Демир Капија – Неготино.

Повтори дека во државата постојат два концепти – едниот е концепт за европска Македонија и вториот е концепт којшто го предводи Левица и којшто е за изолирана Северна Македонија.

-Јас се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да се надмине себеси и барем еднаш во овие 32 години независна Македонија да поддржат одлука со која што државата ќе се интегрира после интегрирањето во НАТО и во ЕУ. Така што, заклучоците се многу едноставни. Имаме на една страна интеграција во ЕУ, а на друга страна изолација. И јас се надевам дека тоа што го сакаат сите граѓани ќе го изберат и сите политичари, а тоа е интеграција на државата во ЕУ, оцени Ковачевски.

Премиерот Ковачевски рече дека на средбата очекува отворен разговор за сите аспекти на двете теми, изразувајќи надеж дека ќе изнајдат заеднички јазик за тоа на кој начин треба да се продолжи кон интеграција во ЕУ, бидејќи, како што рече, во спротивно е изолација која што ја гледаат сите граѓани во државата.

Tags: ВМРО-ДПМНЕКовачевскиЛидерска
Next Post

Возовите во Индија повторно сообраќаат на местото на трагичната несреќа

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk