ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Сугарески од „Агенда Инфраструктура 20-24″: Нема кантонизација има канализација

Често кога одам на терен, кога ќе им кажеме дека овде ќе се гради и секогаш ги земам примерите на Визбегово и Арачиново, луѓето едноставно не веруваа, зошто долги години ги лажеле. Само им ветувале, а ништо не се случувало. И овие два примера се еклатантни во делот што значи задоволување на потребите на граѓаните, меѓутоа и во делот на компаниите. Имаме индустриска зона во Визбегово, каде сега завршуваме до крајот на месецот водовод, почната е веќе канализацијата во Арачиново каде што има посебна симболика и често беше користена терминологијата „не кантонизација туку на граѓаните им треба канализација", рече Сугаревски

February 15, 2020 13:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членот на ЦО на СДСМ и министер за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска од програмската трибина Агенда 20-24 посветена на  темата инфраструктура, кажа дека во изминатите години 100 милиони евра се фрлале на непродуктивни проекти, како што се спомениците во Скопје и ширум државата.

Сугарески процентот на изградба на водовод и канализација во руралните средини го оцени како катастрофален и додаде дека минатата власт не ги задоволила елементарните потреби и права на граѓаните. Како пример ги спомна Арачиново и Визбегово за кадешто кажа дека граѓаните тешко верувале во ветувањата дека ќе им се среди проблемот со канализација и водовод.

„Често кога одам на терен, кога ќе им кажеме дека овде ќе се гради и секогаш ги земам примерите на Визбегово и Арачиново, луѓето едноставно не веруваа, зошто долги години ги лажеле. Само им ветувале, а ништо не се случувало. И овие два примера се еклатантни во делот што значи задоволување на потребите на граѓаните, меѓутоа и во делот на компаниите. Имаме индустриска зона во Визбегово, каде сега завршуваме до крајот на месецот водовод, почната е веќе канализацијата во Арачиново каде што има посебна симболика и често беше користена терминологијата „не кантонизација туку на граѓаните им треба канализација”, рече Сугарески.

Токму лошата состојба на терен е причина според Сугарески поради којашто се посветило сериозно време, финансии и работа.

„Затоа се зафативме со еден сериозен сегмент кој ќе го потенцирам. Огромен дел на водоводи и канализации во изминатиот период само преку министерството за транспорт и врски се реализирани повеќе од 30. Во моментот има 27 и над 30 се веќе во постапка или во тендерирање што значи дека за месец два би отпочнале со реализација. Сметам дека на тој начин најмногу ќе помогнеме на граѓаните, а потоа државата може да инвестира, да вложува, меѓутоа ако елементарно не ги задоволи граѓаните посебно во делот на рурални средини, па и во урбаните средини, јас бев фрапиран од таа бројка, од тој низок процент на изградба на водовод и канализација и во тие средини, но сега драстично се намалува”, кажа Сугарески.

На програмската трибина на СДСМ, Сугарески го најави и проектот со помош на Светската Банка преку којшто значително ќе им се помогне на општините.

„Кредитот од Светска банка 70 милиони евра, одобрен од Собранието, е како државата преку Mинистерството за транспорт и врски и преку Владата, да им помогне на општините. Покрај основните буџети коишто ги имаат дополнително тука влегуваме ние да помогнеме во изградба и реконструкција на улици и патишта. 70 милиони евра за проект којшто треба да биде реализиран во рок од 4 години. Задоволен сум бидејќи веќе има  256 проекти стигнати во министерството. Оние коишто се најподготвени пуштени се во Светска банка на одобрување, така што очекуваме од мај, јуни месец да се почне со изведба и реализација”, информираше Сугарески.

 

Next Post

Првпат социјалните мрежи предизвикаа криза во партијата на Макрон

Shortcut

Најново

Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk