На веста дека францускиот претседател Макрон ја дели стратешката цел за „закотвување“ на Западен Балкан во Европа, претседателот на СДСМ, Зоран Заев објави:
Стигаат вести дека ЕУ е подготвена во целост да ги препознае и потврди резултатите кои ги постигна Северна Македонија.
За голем дел од тие резултати оддавам огромно признание на пратениците од мнозинството и на сите други пратеници кои се бореа и кои во моментов се борат за европските вредности и за изградбата на подобра држава.
Сега повторно повикувам на одлучност, Собранието нека биде уште еднаш место каде што одговорноста на пратениците ќе ја потврди нашата определба за правна држава и за одење напред кон Европската Унија.
Северна Македонија и Европската Унија се подготвени за следниот чекор!
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158299106802932