Украинските бранители го ослободија селото Новодаривка, во регионот Запорижјa, од руските сили, објави Одделната бригада за територијална одбрана на Запорижја на својата Фејсбук страница.
„На 4 јуни 2023 година, како дел од одбранбената операција, селото Новодаривка беше ослободено од окупаторите со заеднички акции на механизирана единица и комбинирана единица на Посебната бригада за територијална одбрана Запорижја “, се вели во објавата.
Повеќекратните обиди на непријателските сили да ја вратат населбата под своја контрола, кои траеја неколку дена, беа неуспешни, соопшти бригадата.
Валериј Шершен, портпаролот на украинскиот воен сектор Тавриа, на 11 јуни изјави дека во близина на Новодаривка во регионот Запорижја, руските сили разнеле брана, што доведе до поплави долж бреговите на реката Мокри Јали, пренесува Укринформ.
Во исто време, Шершен рече дека тоа не ги спречува украинските сили да спроведат офанзивни операции во секторот Таврија.
Подготви: Ј. Ѓ.