ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Младите и Отворен Балкан рушат бариери – за македонските граѓани Србија и Албанија се најпријателски земји

Од Буре барут и Темен вилает до регион на пријателство и соработка за помалку од четири години

June 12, 2023 15:44
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ

Пишува: ВАСКО ЛАЗАРЕВСКИ

По децении недоверба, па дури и отворена омраза, иницијативата Отворен Балкан носи нови ветрови на Балканот – соседите почнуваат да се запознаваат, да соработуваат и да се гледаат како пријатели.

За нецели четири години (првиот состанок на иницијативата беше во септември, 2019 година во Нови Сад) Отворен Балкан доживува досега невиден позитивен одговор од македонските граѓани без оглед на кој дел од етничкиот спектар припаѓаат.

Така, на прашaњето како ја оценувате идејата за Отворен Балкан меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија – позитивно одговориле 63,3 проценти од граѓаните. А, она што е уште поинтересно е дека поддршката за ОБ е речиси подеднаква и кај Македонците и кај Албанците од Македонија и изнесува 62 и 67 проценти.

Се чини дека младите меѓу 18 и 29 години се навистина нашата иднина. Кај нив поддршката за Отворен Балкан е на огромни 70,9%, повеќе од две третини. Младите, ослободени од националистичките наративи на минатото, сегашноста не ја гледаат во изолационизмот и затворените граници, туку во нивното отворање и овозможувањето на соработка и заеднички напредок на регионот – нешто што иницијативата Отворен Балкан го нуди во изобилство.

Во очекување на понатамошното отстранување на преостанатите бариери меѓу државите на Отворен Балкан, како и најавеното пристапување на Црна Гора, младите можат да си дозволат реалистичен оптимизам дека работите на Балканот конечно се одвиваат во добра насока.

Доаѓа нова ера на отворени општества на Балканот и повеќе од очигледно, граѓаните нетрпеливо го очекуваат тоа.

Преземено од Рацин.мк

Tags: младиОтворен Балкан
Next Post
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Пригожин ја обвини руската армија дека лаже за случувањата во Белгород и предупредува на ризикот од граѓанска војна

НАЈНОВО

Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да ѝ обезбедиме на Украина

September 3, 2025
Генерирано со ВИ

Мерц: Путин е можеби најголемиот воен злосторник на нашето време

September 3, 2025

„Лидл“ започнува со изградба на втор објект во Скопје

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Над 150.000 скопјани секојдневно се гушат во чад од Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk