ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бундестагот в четврток ќе гласа резолуција за поддршка на членството на Северна Македонија во ЕУ и потврда на македонскиот јазик и идентитет

June 12, 2023 19:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот Бундестаг в четврток ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет.

Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.

Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан, објави Бундестагот на својата веб-страница.

Германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“.

Покрај тоа, се предлага со земјите кандидати да се договорат меѓучекори за поблиски врски со ЕУ на патот кон ЕУ, како што е асоцијативното членство во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика без право на глас и начин за пристапување кон внатрешен пазар на ЕУ во замена за реформи и спроведување на критериумите од Копенхаген, како и напредок во владеењето на правото.

Се бара категорично да биде одбиено секое поместувањата на границите на земјите од Западен Балкан, како и нивно приклучување во НАТО, засилена борба против корупцијата, продолжување на „Берлинскиот процес“ за регионална соработка и реформи во рамките на ЕУ за да се обезбеди нејзиниот иден капацитет за прием на нови членки.

Германскиот Бундестаг заедно со трите Берлински универзитети секоја година доделува стипендии на дипломирани младинци да учествуваат во петмесечна програма за запознавање со политичкото одлуч

Во документите предложени во Бундестагот се вели и дека Западен Балкан останува „регион на латентна нестабилност“.

– Руската агресивна војна против Украина ја истакна ранливоста на границите во срцето на Европа, како и фактот дека замрзнатите или наводно просторно ограничените конфликти можат брзо да ескалираат и да се шират. Ваквите конфликти ја загрозуваат стабилноста и интересите на ЕУ. И покрај големиот напредок во последните децении, Западен Балкан останува регион на латентна нестабилност, каде организираниот криминал, корупцијата и слабото судство се широко распространети, сметаат германски парламентраци.

Во регионот, како што се нагласува, се уште опстојуваат и етничките и верските прашања.

-Во сопствен интерес на ЕУ е шесте држави од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија – кои сè уште не се членки на ЕУ, но се директно опкружени со земји-членки на ЕУ, да постигнат долгорочна стабилност, владеење на правото, мирно решавање на споровите, цврсти демократски структури и економски просперитет. За да се случи тоа, овие земји мора да се влучат во ЕУ, стои во документот за кој во четврток ќе се расправата и ќе се гласа во германскиот Бундестаг.

Парламентарецот Борис Мијатовиќ (Зелени) во врска со предложената резолуција во Бундестагот, во изјава за „360 степени“ вели дека „македонскиот јазик е добредоједен, македонскиот народ е добредојден, државата Северна Македонија е добредојдена да и се приклучи на ЕУ“.

Неговиот колега од ФДП Томас Хакер, пак, нагласува дека сега има можност за забрзување на процесот на прием на нови членки во ЕУ и таа треба да се искористи.

Г. Т.

Tags: БундестаггласањеЕУидентитетјазикМакедонијарезолуција
Next Post

Седум земји-членки: Време е за повеќе мнозинско одлучување во надворешната политика на ЕУ, а не со консензус

Shortcut

Најново

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk