„Викенд на гордоста отвори некои нови крвотоци меѓу самата квир заедница и нехетеросексуалците, мислам дека исто така е нешто со кое сме горди. Колку воопшто има придонесено за „промени на свеста за тоа дека треба да се прифатат луѓето со поинаква сексуална определба и тоа дека тие треба да ги уживаат истите права како и сите“, тоа мислам дека времето ќе го покаже и оние што ќе дојдат после нас.“- вели куратор на фестивалот „Skopje Pride Weekend“ Славчо Димитров во интервју за Трн.
Skopje Pride Weekend е фестивал за квир уметност и култура, кој секоја година успева да нè помести од нашите удобни позиции и да нè втурне во нови простори на истражување, преиспитување и секако, уживање.
Викендот на гордоста се случува по 11 пат, оваа година протегајќи се на два викенди, од 1 до 13 јуни во Музејот на современа уметност, МКЦ и КСП „Центар-Јадро“. Викендот на гордоста е фестивал за квир култура, уметност и теорија и има за цел е да создаде простор за промоција на ненормативните форми на светообразување, односно, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитетите што од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст се обележани како квир, ексцентрични и неуспешни.
Тематскиот фокус годинава е на КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии.
Целото интервју со Славчо Димитров, кој говори за содржината што ја нуди фестивалот, за суштината на Викендот на гордоста и овогодинешната тема, тука.