Слави Трифонов имаше слични идеи со Христијан Мицкоски. Тој предлагаше ЕУ да ја прими Бугарија во Шенген за Бугарија да го крене ветото за влез на Македонија во ЕУ, пишува Ѓорѓи Спасов во колумна за Независен.
„Неговата логика беше дека политиката не се темели врз принципи ниту врз вредности, туку дека таа е пазар на кој ако бараат од тебе да дадеш нешто можеш слободно да прашаш – а што добивам јас со тоа за возврат.
Мицкоски, како и Слави, кој не се прослави во политиката, знае дека нема некоја посебна причина за да не се смени Уставот „под бугарски диктат“, ама како трговец во политиката вели дека за таа отстапка што ќе ја направи неговата партија треба: 1. Сите да прифатат дека промената на Уставот ќе важи дури кога ќе стане сигурно дека влегуваме во ЕУ; 2. Веднаш по гласањето за таква промена ВМРО-ДПМНЕ со свои министри да влезе во сегашната влада и 3. Од таа влада да излезе партијата која ги претствува мнозинството Албанци во земјава, ДУИ.
Ако сето тоа не им е прифатливо на партиите од Фронтот за Европа, тогаш Мицкоски бара без гласање за промена на Уставот да се распишат предвремени парламентарни избори по кои (убеден дека ќе победи неговата партија) ќе формирал влада на национално единство без ДУИ и ќе го започне процесот на репреговарање со ЕУ за преговарачката рамка, во кој единствено негово барање ќе биде етничката заедница на Бугарите во Македонија да може своите уставни права да ги остварува дури откако Македонија ќе стане членка на ЕУ“.
Целата колумна на ЃОРЃИ СПАСОВ на следниот линк!