ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вјоса Османи во Европскиот парламент: Косово светилник на демократијата, Србите да ги користат правата дадени со Устав

June 14, 2023 14:55
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото кредит: Европски парламент

Фото кредит: Европски парламент

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во Европскиот парламент изјави дека денес Косово е светилник на демократијата и дека граѓаните заслужуваат европска иднина, повикувајќи ги сите Срби на Косово да ги применат правата што им ги дава косовскиот устав, јави Н1.

Таа изјави дека слободата, независноста и демократијата се водечки зборови на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова и стремеж на народот на Косово.

„Тие три моќни зборови се реалност денес. Косово денеска е слободно, Косово денеска е независно, Косово е светилник на демократијата“, рече Османи и додаде дека народот на Косово сака само мир и стабилност, и тоа стабилност со почитување на територијалниот интегритет и суверенитет.

Таа ги повика сите Срби во Косово да ги применат своите права што им ги дава косовскиот устав.

„Република Косово е вашиот дом и ќе се потрудиме да се чувствувате вклучени, како и да ве слушнеме“, рече Османи, што беше проследено со аплауз.

Таа рече дека во парламентот има и претставници на Албанците од Прешевската долина и им порача: „Ние ќе застанеме покрај вас, не сте сами бидејќи се соочувате со растечкото кршење на човековите права“.

Како што рече, дошла во парламентот да и се заблагодари на Европа.

„Стара албанска куќа не може да се одржува без пријатели. Ние работиме на зајакнување на нашите сојузи и би сакале да ви се придружиме овде еден ден. Ќе останеме рамо до рамо додека цела Европа не биде слободна и мирна“, рече Османи.

Таа посочи дека „Косово е Европа“, а кога некој е Косовец, тој е и Европеец и оти верува дека и Европскиот парламент и Косово се среќни затоа што никогаш повеќе нема да го слушнат зборот „визна либерализација“.

Според неа, Косово е најпроевропската земја во регионот и евроатлантските интеграции нема да бидат само аспирација, туку и иднина на Косово.

Османи рече дека европската интеграција на регионот е од стратешко значење за траен мир и стабилност и рече дека Западен Балкан не е само соседство, туку составен дел на Европа.

Таа посочи дека Косово никогаш нема да отстапи од својот евроатлантски пат и дека не се со Европа само со зборови, туку и со дела и дека се 100 отсто усогласени со надворешната и безбедносната политика на Европската унија.

„Република Косово стои како запис за издржливоста и решителноста на својот народ во борбата за слобода“, рече Османи и рече дека Косово е сведок на тоа што може да постигне демократијата кога ЕУ застанува со оние кои се борат за слобода и еднаквост и кога ќе застанат заедно против тиранијата, диктатурата и геноцидот.

Како што рече, таа е убедена дека и евроатлантската заедница ќе застане на страна на Украина, на која и е потребна помош.

Луѓето од Косово не мора да ги замислуваат страдањата на Украинците и нивните загуби, бидејќи до ден денес не боли срцето за оние што ги загубивме во војната, а некои се уште се водат за исчезнати“, рече Османи.

подготви: С.К. / Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Вјоса ОсманиЕвропски парламентКосово

НАЈНОВО

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници

May 24, 2025

(ВИДЕО) Клоп не е задоволен од критиките на навивачите на Ливерпул кон Трент

May 24, 2025

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Тендер на Тошковски од четири милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk