ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Извештајот на Европската комисија за првиот Кластер го очекуваме во јули

June 15, 2023 17:19
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Повеќе од месец се работеше на подготвителни активности за почеток на Патоказите и веќе се во фаза на изработка, за што е и формирана работна група во рамки на Владата, истакна на денешната прес-конференција од „Преспа форумот за дијалог“ во Струга, вицепремиер за задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој посочи дека оваа работна група треба да го направи првиот нацрт, по што би комуницирале со експерти во соодветните области и би ги менувале согласно укажувањата на граѓанскиот сектор.

– Би сакале до крајот на јули да имаме некоја првична верзија, што би можеле да ја споделиме со Европската комисија. Во меѓувреме, очекуваме во текот на месец јули да се искомуницира со нас, односно да го добиеме Извештајот за првиот кластер. Динамиката на неговото објавување и доставување не зависи од нас, туку зависи од Европската комисија. Нашите информации велат дека Европската комисија е во фаза на внатрешни консултации, во врска со нашиот и Извештајот на Албанија за Кластерот темелни права, вели Маричиќ.

Вицепремиерот посочи дека се очекува во исто време да го добиеме и Извештајот на Европската комисија за скринингот во првиот Кластер и Првиот-нацрт на трите патокази за се владеење на правото, за јавна администрација и реформи во јавната администрација, како и за функционирање на демократските институции.

– Не можеме да ги комплетираме до крај патоказите, без да го видиме Извештајот. Практично Извештајот треба да биде да биде насока за финиширање на патоказите. За да имаат смисла, патоказите треба практично да одговорат на забелешките на скрининг Извештајот, вели Маричиќ.

Прашан до каде е Акцискиот план за малцинските права, Маричиќ со одговор дека Министерството за внатрешни работи и Секретаријатот за европски прашања почнале да работат на овој план.

– Почеток или одредница ни е Преговарачката рамка и билатералниот Протокол со Бугарија, но нема само да останеме на тоа. Мислам дека тој Акциски план треба да оди пошироко од таа рамка и да ги опфати сите мерки до нашето членство во ЕУ, кои се однесуваат на сите видови малцинства во државата, не само на етничките или јазичните малцинства, вели Маричиќ.

На новинарско прашање до кога ќе се чека за старт на постапката за уставни амандмани во Собрание,  бидејќи „првичниот дијалог со ВМРО ДПМНЕ е закочен и не се знае дали ќе продолжи“, Маричиќ вели дека роковите за уставните измени ги имаме, но лидерската средба меѓу Ковачевски и Мицкоски повторно го отворило прашањето кога е најдобриот момент за следниот чекор. Тој ја повика опозицијата да формира своја работна група на високо политичко ниво, како што тоа го направи СДСМ, со цел да почнат разговори „во рамки и услови во коишто тие би се чувствувале комотно, без разлика дали тоа ќе биде пред очите на јавноста или ќе работат потивко“. Според Маричиќ, важно е да се седне и да се разговара.

– Премалку време има, а премногу се тешки предизвиците пред нас. Очекувам опозицијата да го сфати тоа и да се јави на повикот. Доколку тоа не се случи во догледно време, во следните неколку денови, јас очекувам дека до крајот на овој месец веќе треба да разговараме за тоа кога треба да одат амандманите во Собранието или иницијативата што е веќе подготвена, изјави Маричиќ.

Тој смета дека оваа иницијатива во текот на летото ќе се најде во Собранието, оценувајќи дека јули ќе биде интензивен месец, па затоа не треба да се тактизира.

– Впрочем и да влезе во Собранието, се уште ќе има ВМРО ДПМНЕ да се приклучи, да разговара. Собраниската дебата тогаш ќе започне, ние ќе разговараме со секој пратеник, со секоја пратеничка група и со секоја политичка партија. Затоа што наша обврска е да дојдеме до двотретинска поддршка, за да ги продолжиме преговорите во ноември, додаде Маричиќ.

Tags: „Преспа форумот за дијалог“Бојан МаричиќЕУ
Next Post

Османи побара стратешка јасност околу нашата перспектива за членство во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk