ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Преку Отворен Балкан го зголемивме извозот во Србија за 50%, а во Албанија за 40%

June 16, 2023 13:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Премиерот Димитар Ковачевски на Преспа Форум 2023, Фото: Фронтлајн

Премиерот Димитар Ковачевски на Преспа Форум 2023, Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата Отворен Балкан е оригинална идеја на Србија, Албанија и Северна Македонија и резултатите од неа, се во факти, потенцира премиерот Димитар Ковачевски на сесијата ‘Вистинската регионална соработка го одржува бродот стабилен’ во рамки на Преспа форум дијалогот.

-Извозот на Северна Македонија кон Србија изминатата година се зголеми за 50 проценти, а кон Албанија за 40 проценти. И нивниот извоз кон нашата земја исто така се зголеми. Со зелените ленти на граничните премини, транспортните камиони на Ќафасан и Табановце се движат со минимално време на чекање, со што сега транспортот на продукти, односно и увозот е повеќекратно забрзан. Исто така, ако во минатото, за да можат граѓаните да работат во некоја од земјите на Отворен Балкан беше потребно да се најде работодавач, за да се аплицира за дозвола за престој врз основ на добиена работа и тие процедури на чекање траејa повеќе месеци, сега правото на пристап до пазарите на труд во трите држави е значително поедноставено, информира Ковачевски.

Премиерот вели дека бројот на туристи, на пример, од Србија – во нашата држава, во 2022 година, во однос на 2021 година е зголемен за дури 500 проценти.

-Економските пазари на нашите држави поединечно, се мали пазари, поради што ја унапредуваме иницијативата за заеднички регионален пазар. Со тоа обезбедуваме поголема конкурентост на европскиот пазар и стануваме попривлечни за странските инвеститори дома. Пошироко во регионални рамки, со Грција и со Албанија, веќе градиме стабилни врски за транспорт на енергија. Започнати се процедурите за изградба на нов гасовод меѓу Северна Македонија и Грција што ќе биде поврзан со терминалот во Александропули, а е предвидено да има и други два, во Волос и во Пиреја. Исто така, во Албанија има дискусии за терминал на едно од нивните пристаништа, веројатно Драч или Валона, кажа премиерот.

Тој потсети дека се спроведува и јасен план за изградба на патната инфраструктура – и кон истокот и кон западот. Коридор 8, веќе стана дел од европските коридори, заедно со Коридорот 10.

-Градиме нов автопат кон границата со Албанија. Градиме и експресен пат кон Бугарија како и железница кон Бугарија.
Коридорот 8 е навистина значаен за Република Северна Македонија, затоа што покрај пристапот до пристаништето во Солун, добиваме пристап и до пристаништата во Драч, Албанија и Бургас, Бугарија. Ние сме центарот на Балканот и со вложувањата во инфраструктурата, од обиколница, државата ја поставуваме во вистински транспортен крстопат и коридор на целиот Балкан, што ќе биде огромен инпут во развојот на економијата и стандардот на граѓаните, заклучи премиерот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: извозКовачевскиМакедонијаОтворен Балкан

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk