ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Њујорк Тајмс: Украина сè уште го чека оружјето кое го плати, некои донирани оружја од сојузниците се неупотребливи

June 20, 2023 12:00
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Украински војник се подготвува да пука со самоодна хаубица М109 од американско производство.  Фото: Маурицио Лима / Њујорк Тајмс

Украински војник се подготвува да пука со самоодна хаубица М109 од американско производство. Фото: Маурицио Лима / Њујорк Тајмс

Украина не добила дел од оружјето што го платила однапред. Некои оружја донирани од сојузниците биле во лоша состојба, употребливи само за резервни делови, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи две лица запознаени со ова прашање.

Според документите на украинската влада како што јавува Њујорк Тајмс, од крајот на минатата година, Киjив им платил на добавувачите на оружје над 800 милиони долари за договори кои биле целосно или делумно неисполнети.

Неименуваните извори вклучени во купувањето оружје од Украина изјавија за Њујорк Тајмс дека дел од опремата што недостасувала на крајот била префрлена во Украина, додека во други случаи агентите ги вратиле парите.

Еден од изворите додаде дека од почетокот на пролетта во 2023 година, Кијив платил стотици милиони долари за оружје што никогаш не било испорачано. Некои од исплатите отишле на државните претпријатија во Украина.

Њујорк Тајм сго цитира и Володимир Хаврилов, заменик-министер за одбрана на Украина задолжен за набавка на оружје, кој потврди дека некои оружја не пристигнале, иако земјата платила за тоа. Според Хаврилов, владата почнала да ги анализира своите претходни набавки и да ги блокира проблематичните набавувачи.

Додека украинските власти во голема мера се воздржуваат од жалење за расипаната опрема, Кијив „се измори“ од уверувањата дека има доволно западно оружје бидејќи некои пристигнуваат во неупотреблива состојба и мора да бидат отстранети од борба, изјави за Њујорк Тајмс неименуван висок украински функционер.

Околу 30 отсто од арсеналот на Кијив е постојано под поправка, што е проблематично за армијата на која и треба сето оружје што може да го добие за време на активна контраофанзива, според експертите за одбрана, цитирани од медиумот.

Западните земји приложија милијарди долари за одбранбената помош на Украина од почетокот на целосната инвазија на Русија на 24 февруари 2022 година.

На 13 јуни, Министерството за одбрана на САД објави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 325 милиони долари, кој вклучува оклопни возила, ракетни фрлачи и муниција.

Подготви: Ј. Ѓ.

Tags: њујорк тајмсОружјеУкраина
Next Post

Македонскиот јазик е веќе дел од европските јазици, вели Ковачевски

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk