Приведен е 29-годишен штипјанец, кој бил баран по централна потерница, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
– На улицата „Панко Брашнаров“, вчера во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле Е.И., на возраст од 29 години. Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница за доиздржување на три месеци од казната, појаснија од МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор – Струмица“ за доиздржување на казната.