Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници.
Во тој контекст, потсетуваме дека сѐ уште е на сила препораката на Министерството објавена на 28.02.2022 г., сите граѓани на Северна Македонија да се воздржат од патувања кон Руската Федерација, а оние кои имаат можност да ја напуштат земјата, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на МНР.
Воедно, сите државјани на Северна Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, може да ја контактираат Амбасадата во Москва на следните телефонски броеви:
+7 925 025-98-05 (мобилен)
е-mail: [email protected]
Државјаните на Северна Македонија може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]