Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерашно обраќање се осврна на неодамнешните настани во Русија. Тој истакна дека оваа ситуација покажува оти Русија е во целосен хаос и му порача на Западот дека сега е добро време да испрати оружје во Украина.
We all remember how the head of Russia threatened the world in 2021. He had some ultimatums, he was trying to show a kind of strength…
The year 2022 showed that he confused – confused his illusions and the lies he was fed with strength. They in the Kremlin are capable of… pic.twitter.com/rwOhLvQJAF
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 24, 2023
Зеленски потоа испрати порака до руските власти: „Колку подолго ќе останат вашите војници во украинската земја, толку повеќе уништување ќе донесат за Русија. Колку подолго таа личност е во Кремљ, толку повеќе ќе има катастрофи“.
Г. Т.