Владејачката СДСМ вечерва организира марш од пред Собранието до Судот, под слоганот „Чекориме за правда“, откако пратениците пред распуштање на Собранието го изгласаа Законот за јавно обвинителство.
Еве за што ќе чекорат дел од ние кои вечер ќе бидат дел од маршот:
– Ќе чекорам за да ги видиме протагонистите во бомбите таму кај што им е местото
Јас денес ќе чекорам за правда.
Ќе чекорам за утре да видам како сноси одговорност секој што го прекршил законот.
Ќе чекорам за независно правосудство, фер и транспаренти судски постапки, ослободени од криминалните структури во оваа држава.
Ќе чекорам за секој еден случај кој остана да горчи до денес, да добие разрешница.
Ќе чекорам за сите што ги слушнавме во бомбите, сега да ги видиме таму кај што им е местото.
Ќе чекорам за на секој иден политичар, функционер и јавна личност да му порачам дека сите сме исти пред законот и доколку го прекршиле треба да се плашат.
Ќе чекорам и за нашиот најславен осуденик во закрила на Орбан да му порачам, подобро да не се враќа, оти граѓаните сѐ уште се будни и амнестија за него нема да има.
Денес ќе чекорам поради тоа што сакам и барам Европска иднина.
Ќе чекорам од Собранието да се заблагодарам на пратениците за храброста, ќе завршам пред судот за да му порачам дека будно ќе ги следиме зошто нам граѓаните очајно ни треба правна држава – пишува Ирина С.
Маршот почнува во 18 часот пред Собрание, а ќе заврши пред суд.