Државјанин на Србија е уапсен денеска во Битола додека крадел пари од црква, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од станицата во Битола го уапсиле Н.М.(36) од Србија, кој бил „фатен на дело додека вршел тешка кражба во црквата Света Недела во Битола, каде што ги земал парите“.
Српскиот државјанин е, се додава во соопштението, „лишен од слобода и по документирање на тој настан ќе следи соодветна пријава“.